Гастрономија

Печени јаболки полнети со фил од овесни снегулки

 

Потребни состојки:

4-5 јаболка

1 чаша овесни снегулки

1/4 чаша кафеав шеќер

1 лажичка цимет

1/4 чаша путер на собна температура

Начин на подготовка:

  1. Секое јаболко издлабете го на средина без да го продупчите дното.
  2. Во сад измешајте ги овесните снегулки, шеќерот и циметот. Додајте го омекнатиот путер и мешајте додека да се изедначи филот.
  3. Секое јаболко наполнете го со филот и ставете го во тава обложена со хартија за печење. Печете ги околу 30 минути (или додека да омекнат) на температура од 180 степени Целзиусови.
  4. Јаболките може да се сервираат со една топка сладолед или сос од карамел за декорација и  побогат вкус.

На здравје!

 

Слични написи

Молдавија ја има најголемата винарија во светот

Biba

Печени лепчиња

Biba

Повеќето винопијци не можат да ги разликуваат скапите вина од евтините

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.