Сцена

Шарлиз Терон е подготвена за нова љубов

 

Дури и најубавите жени можат да имаат неуспешни врски. Во случајов, и Шарлиз Терон е една од нив. Таа е десет години сама, но сè уште не ја губи надежта дека ќе ја сретне љубовта на нејзиниот живот.

На промоцијата на нејзиниот најнов филм Long Shot, во кој партнер ѝ е Сет Роген, вели дека е сама бидејќи очекува мажите да ѝ пријдат и да остварат конатакт, но како што вели – тие или се плашат или не сакаат.

“Веќе 10 години сум сама. Некој само треба да собере храброст и да ми пријде. Неверојатно е колку сум достапна”, изјавила Терон.

Всушност, изјавата дека 10 години е сама баш и не е комплетно вистинита. Во 2015 година Шарлиз беше во кратка врска со Шон Пен.

“Бевме во кратка врска, но не функционираше. Двајцата решивме да ја прекинеме врската и тоа е тоа”, изјави Терон за врската со Шон Пен во 2016 година за Wall Street Journal.

Пред врската со Шон Пен, актерката беше во врска и со актерот Стјуарт Таунсенд, која ја прекина во 2010 година.

 

Слични написи

Мадс Микелсен е најдобриот платен убиец на светот во најновиот шпионски трилер “Polar”

Biba

Лејди Гага освои Златен глобус

admin

Фронтменот на U2 пееше за бездомниците во Даблин

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.