Гастрономија

Карамел сос

 

Потребни состојки:

1 чаша шеќер

3 лажици путер од фрижидер

1/2 чаша слатка павлака

1/2 лажичка екстракт од ванила (опционално)

1 прстофат сол

Начин на подготовка:

  1. Во подлабоко тавче на средна температура ставете го шеќерот и почекајте да се стопи без мешање. Може да го завртите неколку пати тавчето колку да се изедначи бојата, при тоа внимавајте да не го изгорите шеќерот на превисока температура.
  2. Кога шеќерот ќе стане течен и ќе добие златнокафеава боја тргнете го од шпорет, додајте го путерот и мешајте брзо додека да се стопи (внимавајте да не се изгорите затоа што ладниот путер ќе почне да прска во врелиот карамел).
  3. Додајте ја слатката павлака и мешајте додека да добиете хомогена смеса. Ќе се направат меурчиња, грутки и пена, но продолжете со мешање додека сето тоа да се стопи и смесата да се изедначи и да стане мазна.
  4. На крај, додајте ги ванилата и солта, измешајте и префрлете го карамелот во тегла да се олади и да се згусне.
  5. Вака приготвениот карамел може да го користите како прелив за торти, колачи, палачинки, овошна салата, сладолед или да го додадете во вашето омилено кафе.

На здравје!

 

Слични написи

Сочна чоколадна торта со бел крем

Biba

Пилешко “Алфредо” во рерна

Biba

Домашен сладолед со праски

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.