Гастрономија

Молдавија ја има најголемата винарија во светот

 

И покрај тоа што спаѓа во најмалку посетените земји на светот, Молдавија има поголема слава како вински производител во споредба со многу други европски земји.

Молдавија е дом на Mileștii Mici, винарија со сопствен подземен град на виното кој се усовршува уште од 1969 година.

Овие вински подруми го држат Гинисовиот рекорд затоа што се најголеми на светот, со над 2 милиони шишиња уште од 2005 година кога го поставија рекордот. Иако овој број звучи неверојатно, самите подруми се вредни за внимание бидејќи претставуваат подземни галерии кои се протегаат на долги и непрекинати 55 км должина.

Галериите се во готски стил и порано биле рудници на варовник кој бил користен за обнова на градот Кишињев после неговата окупација и уништување од нацистите.

Галериите се отворени за јавноста, низ нив може да се помине со сопствен автомобил или со туристичко возило. На посетителите им се потребни мапи кои ќе им овозможат навигација и движење низ сложената мрежата од интригантни тунели.

Улиците на овој подземен град се осветлени со светилки и имаат имиња како Cabernet, Aligote и Feteasca. Вкупната должина на подземните улици изнесува 200 км, од кои 55 км се галерии со вино.

Капацитетот на големите бочви за вино изнесува од 600 литри, па сè до 2000 литри.

И додека Франција и Италија се обично предводници кога се работи за европските вина, и Молдавија има свое наследство и винарска традиција. Овие авантуристички подруми се само еден нивен аспект.

 

Слични написи

Густо и кремасто смуди од банана

Biba

Песто од босилек

Biba

Шпагети со топчиња од месо

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.