Гастрономија

Повеќето винопијци не можат да ги разликуваат скапите вина од евтините

 

Можете ли да направите разлика помеѓу евтино и скапо вино само врз основа на вкусот?

Можно ли е во светот на скапите вина, всушност, да го плаќаме само името? Изгледа дека е така.

Повеќето винопијци воопшто не прават разлика помеѓу скапо и евтино вино, како што покажало едно тестирање на вкусот на виното. The Daily Telegraph пренесуваат резултати од истражување, сугерирајќи дека поголемиот број потрошувачи плаќа етикета кога купува скапо вино.

Во “слепото тестирање” кое било спроведено на Научниот фестивал во Единбург, учествувале 578 луѓе. Учесниците во тестирањето биле послужени со различни црни и бели вина кои чинеле помалку од пет фунти, а потоа им биле дадени вина кои чинеле и до шест пати повеќе. Од нив било побарано да одредат кое вино е евтино, а кое скапо. Истражувачите нагласиле дека според законот за веројатност, 50% од точните одговори ќе бидат резултат на чисто нагаѓање, што на крајот и навистина се случило. Тоа е доказ дека учесниците воопшто не знаат да разликуваат скапоцени вина од евтини.

“Луѓето не беа во состојба да одредат кое вино е евтино, а кое скапо, а тоа праќа јасна порака дека евтините вина кои ги тестиравме имаат ист вкус како и скапоцените варијанти”, изјави Ричард Вајсман, професор на Универзитетот Хартфордшир, кој го спроведе истражувањето.

Ова, сепак, и не е за изненадување, бидејќи за повеќето работи кои ги купуваме го плаќаме само името.

 

Слични написи

Свежа овошна тирамису торта

Biba

Брзо и сочно колаче од какао, без јајца и млеко

Biba

Мафини со банана

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.