Сцена

Викторија Бекам започнува со производство на сопствена линија за убавина

 

Викторија Бекам објави дека наскоро нè очекува козметичка линија со нејзин потпис која во продажба ќе стигне заедно со есенската колекција која ќе биде претставена во Лондон за неколку дена. Деталите се сè уште непознати, но познатата дизајнерка на својот Инстаграм профил објави симпатично видео во кое ја најавува новата линија за убавина, а веруваме дека љубителите на нејзината минималистичка естетика нема да бидат разочарани и дека ќе ни понуди одлични производи за совршено шминкање.

“Сакам да се грижам за жените и однадвор и одвнатре, да ги снабдам со производи кои се задолжителни за шминкање, нега на кожата, парфеми и велнес, кои и мене ми се потребни во мојот живот”, рече дизајнерката во својата изјава.

https://www.instagram.com/p/Btz-B0YAhA7/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again

 

Слични написи

Ќе се снима биографски филм за Џон Ленон

Biba

Софија Вергара и понатаму најплатена телевизиска ѕвезда

admin

Мадона со уникатен начин на прославување на својот роденден

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.