Здравје

Здрави и безбедни начини кои ќе ви помогнат да ја зголемите телесната тежина

 

Многу луѓе мислат дека е многу полесно некој да се здебели отколку да ослабне, но тоа не е вистина. Додека повеќето луѓе се борат со вишокот килограми и водат секојдневна борба со дебелината, многу луѓе се мачат да ја зголемат телесната тежина.

Иако оние со вишок килограми ги сметаат слабите за среќници, сепак, и тие сакаат облини и убаво обликувано тело. Звучи неверојатно, но на пазарот не постојат препарати за дебелеење, но затоа има методи кои можат да се применат во овој случај.

Причини за мала килажа можат да бидат: брз метаболизам, стресен живот, проблеми со апсорпција на храната, хиперактивност, депресија, претерано вежбање, нарушувања во исхраната како булимија и анорексија, хипертиреоза, неурамнотежена исхрана и други.

Ако имате брз метаболизам, ќе ви помогне зголемен внес на здрави намирници повеќе пати на ден. Јадете шест мали оброци дневно и зголемете го внесот на јаглени хидрати (грав, овес, тестенини, пуканки, банани, киноа, цвекло, тиква, портокали, боровинки, јаболки, млеко, јогурт, сладолед, ориз, леќа, компири и др.). Дури и кога сакате да се здебелите, треба да ги следите правилата за здрава исхрана. Тоа значи дека треба да јадете редовно и со секој оброк да внесувате намирници кои содржат скроб, како што се на пример тестенините, компирот и оризот. Потоа, јадете многу овошје и зеленчук, семки, јаткасти плодови и земајте витамин Б12.

Зголемете го бројот на калории во оброците со здрави масла како што е маслиновото. Ако сте константно изложени на стрес дома или на работа, би требало да се соочите со овие проблеми во консултација со психолог кој ќе ви помогне подобро да се справите со секојдневните предизвици.

Ако имате проблем со апсорпција на храната, може да ви помогне лекар со тоа што ќе ви препорача лекови кои ја подобруваат дигестијата.

Верувањето дека треба да вежбаат само оние кои сакаат да ослабнат е сосема погрешно. Лесната физичка активноста, доколку се практикува правилно, е корисна и за слабите луѓе.

 

Слични написи

Како да ја победите главоболката за само две минути

Biba

Жената со 25 мигрени месечно успеа да најде решение за нејзината болка

Biba

Децата во Белгија нема да може да бидат вегани

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.