Сцена

Ќе се снима биографски филм за Џон Ленон

На 8 декември 1980 година во Њујорк беше убиен Џон Ленон. Како еден од најголемите музичари на светот, конечно ќе добие филм кој ќе ни го опише неговиот неверојатен живот.

Режисерот кој до сега нема снимено лош, па дури ни просечен филм, Jean-Marc Vallée, ќе започне нов филмски проект откако од 2015 година се фокусира на телевизијата. Овој режисер, кој многумина го паметат по филмот “Добрите дилери од Далас”, објави дека е во преговори со студиото Universal Pictures за снимање на “епската љубовна приказна” помеѓу Џон Ленон и Јоко Оно.

Се работи за проект кој се создава веќе неколку години. Продуцентите Мајкл де Лука и  Џош Братман, со години се обидуваат релевантните актери на оваа приказна, особено Јоко Оно, да ги наговорат да ги продадат правата за снимање на филм. И покрај тоа што деталите сè уште не се разјаснети, сценариото е веќе готово. Сценарист е Антони Мек Картен, кој го напиша сценариото на филмот “Теорија на сè”, а за монтажата и режијата ќе биде задолжен Vallée.

И покрај тоа што сè уште ништо не е сигурно, фактот дека во игра за ваков филм се двајца одлични автори, ни дава надеж дека навистина може да добиеме квалитетен филм. Самиот Vallée има снимено биографски филм, па веќе е запознаен со проблемите кои можат да се појават кога се работи на ваков филмски проект. А Мек Картен, освен што се прослави со “Теорија на сè”, работеше и на минатогодишниот биографски филм за Винстон Черчил – “Најтемниот час” и на најновото биографско остварување за Фреди Меркјури и групата Квин – “Боемска Рапсодија”.

Режисерот беше и во најтесен избор за режирање на новиот Џејмс Бонд откако Дени Бојл го напушти тој проект, но сепак реши да се зафати со работа на филмот за Џон Ленон. Ако проектот навистина успее да се развие, ќе биде интересно да се види кој ќе ја добие улогата на легендарнот Џон Ленон.

Слични написи

Викторија Бекам започнува со производство на сопствена линија за убавина

Biba

Шекил О’Нил ја продава вилата за 22 милиони долари

Biba

Како Џеј Ло на 52 години има тело на 20-годишна девојка

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.