Сцена

Софија Вергара и понатаму најплатена телевизиска ѕвезда

Според податоците на Форбс, и оваа година најплатена телевизиска ѕвезда во САД е актерката Софија Вергара. Информациите велат дека оваа година Вергара заработила 42,5 милиони долари, и според тоа таа е најплатената телевизиска актерка во САД. Нејзината улога во серијата “Модерно семејство” веќе седум години ѝ носи огромна популарност. Значајна сума од огромната заработка на Вергара ѝ носат и многуте спонзори и реклами.

На второ место на листата на Форбс е актерката Кајли Куоко што се прослави со улогата на Пени во долгогодишната серија “The Big Bang Theory”, со овогодишна заработка од 24,5 милиони долари.

Елен Помпео од серијата “Увод во анатомија” е на третото место со заработка од 23,5 милиони долари. Следат актерките Маришка Харгитај и Џули Боувен.

На првото место на машки телевизиски актери е Џим Парсонс со улогата на Шелдон во серијата “The Big Bang Theory”, со заработка од 26,5 милиони долари.

Десетте најплатени телевизиски актерки заработиле вкупно 168,5 милиони долари, додека десетте најплатени телевизиски актери имаат вкупна заработка од 181 милион долари.

Актерите од сериите “The Big Bang Theory” и “Модерно семејство” заземаат 10 од вкупно 20 позиции.

Слични написи

Кајли Џенер ја направи најлуксузната самореклама до сега

Biba

Разводот на Адел тежи 140 милиони фунти

Biba

Мадона го одложи појавувањето на новиот албум за 2019 година

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.