Сцена

Мадона со уникатен начин на прославување на својот роденден

Својот шеесeтти роденден Мадона ќе го одбележи со акција за собирање на средства за децата од Малави.

Хуманитарната прослава на роденденот започна денес и ќе трае сè до 31 август.

Сите заинтересирани за учество во хуманитарната акција ќе можат донациите да ги уплатат директно преку нејзината официјална страница. Собраните средства ќе бидат наменети за фондацијата „Рајзинг Малави“.

Мадона изјави: Посветена сум да им обезбедам дом на овие загрозени деца. За мојот роденден не можам да замислам подобар подарок.

Мадона посвои четири деца од Малави. Фондацијата „Рајзинг Малави“ ја основа во 2006 година.

Слични написи

Суданката Adut Akech Bior прогласена за најдобар модел во светот

Biba

„Гори“ е новата песна на Тајзи

admin

Том Хенкс призна дека го снимил „Кодот на Да Винчи“ само за парите

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.