Гастрономија

Торта со шери, суво грозје и бадеми

 

Потребни состојки:

250 г суво грозје

200 мл средно благо или благо шери

150 мл јогурт

150 мл масло

3 јајца

140 г брашно

100 г мелени бадеми

2 лажички прашок за печиво

100 г кафеав шеќер

шеќер во прав за декорација

Начин на подготовка:

  1. Сувото грозје ставете го во сад, врз него налејте го шерито и оставете го да омекне најмалку 30 минути, да го впие мирисот и вкусот од шерито. Рерната загрејте ја на 180 степени Целзиусови. Тавчето за печење намачкајте го со масло и врз него ставете хартија за печење.
  2. Сувите состојки измешајте ги заедно во сад.
  3. Со жица за матење во друг сад измешајте ги јогуртот, маслото и јајцата и оваа смеса истурете ја врз сувите состојки. Мешајте додека добиете еднолична мазна мешавина.
  4. Половина од сувото грозје додајте го во смесата. Измешајте, смесата налејте ја во тавчето за печење и печете околу 50 минути.
  5. Кога ќе биде готово, со чепкалка направете повеќе дупчиња во пандишпанот и налејте 5 лажици од шерито одозгора врз пандишпанот. Оставете убаво да се впие и послужете ја тортата декорирана со шеќер во прав, останатото суво грозје, топка сладолед или шлаг, по ваша желба.
  6. Тортата може да ја направите до 3 дена порано и да ја чувате во херметички затворен сад во фрижидер до моментот на послужување.

На здравје!

 

Слични написи

Лесен рецепт за Манчмалоу колач

Biba

Гулаш во рерна

Biba

Чоколадни обланди

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.