Гастрономија

Гулаш во рерна

 

Потребни состојки:

500-600 г телешко месо

2 главици ситно насечкан кромид

200 мл доматно пире

250 мл говедски бујон

1 ситно исечкан патлиџан

2-3 чешниња ситно насечкан лук

2 ловорови листа

1 црвена пиперка исечена на тркалца

1 ситно насечкан морков

2-3 компири исечкани покрупно

сол, бибер, магдонос и зачини по вкус

Начин на подготовка:

  1. Лукот и кромидот пропржете ги во тава со масло додека лукот да пушти мирис, а кромидот да омекне. Потоа додајте го месото исечкано на парчиња, зачинете го со сол и со бибер и кратко пропржете го.
  2. Во месото ставете го доматното пире, додајте ги патлиџанот, морковот, говедскиот бујон и ловоровиот лист, и оставете сè заедно да зоврие.
  3. Потоа додајте ги компирот и пиперката и ставете го гулашот во огноотпорен сад да се пече во рерна загреана на 180 степени Целзиусови околу еден час. Ако ви е смесата многу сува и густа, пред печењето може да додадете вода колку да се покријат сите состојки.
  4. Послужете го јадењето додека е топло и декорирајте го со насечкан магдонос.

На здравје!

 

Слични написи

Сочна чоколадна торта со бел крем

Biba

Макарони со бешамел сос

Biba

Ледено кафе со Нутела

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.