Љубов и секс

Привлечноста е многу повеќе од физичкиот изглед

 

Една стара изрека вели – убавината е во окото на посматрачот. Вистинитоста на изреката се потврдува и со фактот дека една иста личност на некои луѓе им е привлечна, а на други не им е. Зашто е тоа така откриваат истражувања според кои убавината е плитка и минлива, а привлечноста е длабока и трајна.

Според еден од најчестите стереотипи, многумина физичкиот изглед го изедначуваат со пожелните особини на личноста. Овој стереотип е многу невистинит затоа што истражувањата покажуваат дека привлечноста е многу повеќе од физичкиот изглед.

Добра смисла за хумор

Најнапред треба да се спомене хуморот. Добрата смисла за хумор е секако една од најпожелните особини во потрагата за иден партнер. Испитаниците во едно истражување ги окарактеризирале како привлечни лицата кои имаат добра смисла за хумор. Освен тоа, ги сметаат и за подобри партнери на подолг рок.

Екстровертност

Друга особина која многумина ја сметаат за пожелна е друштвениот карактер. Личностите кои се главни во секое друштво се едни од најпожелните потенцијални партнери. Истражувањето покажало дека испитаниците, освен што уживаат во друштво на екстровертите и сакаат да бидат во нивна близина, ги сметаат и за привлечни без оглед на нивниот физички изглед.

Добро изразување

Овде станува збор за личности кои со своите интересни приказни и начинот на нивното пренесување го привлекуваат и окупираат вниманието на другите. Многу од испитаниците оваа особина ја сметале за восхитувачка и привлечна. Интересно е тоа што оваа карактеристика им била повеќе важна на жените отколку на мажите.

Ова се само некои од примерите на кој начин внатрешните особини играат голема улога. Што е уште поважно, овие особини се поважни кога се бара долгорочен партнер. Благодарение на ваквите истражувања докажано е дека привлечноста е многу повеќе од физичкиот изглед. Препознавањето на вистинските вредности на особините на личноста ги зголемува шансите за наоѓање на партнер со кој е загарантиран долгиот и здрав однос.

 

Слични написи

Колку време им треба на жените за да доживеат оргазам

Biba

Факти за женската мастурбација

Biba

Прашања што не смеете да ги поставите на првиот состанок

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.