Здравје

Раното стапување во сексуални односи го зголемува ризикот од рак на грлото на матката

Сиромашните жени стапуваат во сексуални односи четири години порано отколку богатите, а заразата со ХПВ е многу поопасна на млада возраст.

Експертите одамна знаат дека ракот на грлото на матката почесто се развива кај сиромашните жени, без разлика во кој дел на светот живеат. Но, сè досега не се знаеше причината за тоа, особено затоа што инфекцијата со хуманиот папилома вирус (или ХПВ) кој најмногу се поврзува со настанувањето на овој тип на карцином, е слична во сите возрасни групи.

Студијата на Меѓународната агенција за истражување на ракот објавена во British Journal of Cancer, открива дека сиромашните жени се поподложни на рак затоа што стапуваат во сексуални односи четири години порано отколку богатите жени.

Истражувањето во кое биле опфатени 20 000 жени покажало дека е важна и возраста на која жената го родила своето прво дете, а интересно е тоа што бројот на сексуални партнери, како и фактот дали жената е пушач, не влијаеле на разликата меѓу сиромашните и богатите жени.

Авторите на студијата предупредуваат дека овие откритија не се однесуваат само на стапувањето во сексуални односи на адолесцентска возраст – ризикот од рак на грлото на матката е повисок и кај жените кои првиот сексуален однос го имале и на возраст од 20 години. Предупредуваат и дека и покрај тоа што жената може да се зарази со ХПВ на која било возраст, инфекциите во раната возраст се посебно опасни затоа што имаат повеќе време да направат штета која потенцијално може да доведе до создавање на рак.

Слични написи

За што се корисни кајсиите и кој не треба да ги јаде

dart

Бруксизам – чкрипење со забите

Biba

Пушењето во бременоста двојно го зголемува ризикот од смрт за бебето

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.