Гастрономија

Чоколадни обланди

 

Потребни состојки:

1 пакување обланди

Фил:

500 мл вода

700 г шеќер

250 г маргарин на собна температура

1 ванилин шеќер

500 г мелени бисквити

3 лажици какао (или 1 чоколадо за готвење)

200 г мелени ореви

Начин на подготовка:

  1. Во тенџере на средна температура ставете ги водата, шеќерот, ванилиниот шеќер и маргаринот. Мешајте додека сè да се стопи и проврие смесата и тргнете го тенџерето настрана за малку да се олади.
  2. Потоа додајте ги бисквитите измешани со какаото (или стопеното чоколадо) и оревите. Измешајте сè заедно, да добиете хомогена смеса.
  3. Кога оваа смеса ќе се олади и ќе биде млака, наредете ги обландите: во тепсија или на послужавник ставете еден лист обланда, премачкајте ја со фил, врз филот ставете уште едно парче обланда, па фил, и така додека да ги потрошите обландите. Треба да завршите со лист обланда.
  4. Може, но и не мора, врз последниот лист обланда да излеете стопено чоколадо и да ја декорирате обландата со сечкани ореви.

На здравје!

 

Слични написи

Вкусна и здрава крем супа од блитва

Biba

Бела пица со песто од магдонос

Biba

Карамел сос

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.