Гастрономија

Направете меки и ровки палачинки со еден едноставен трик

 

Палачинките се еден од десертите кои најчесто ги правиме, брзо се готови а смесата е многу едноставна за подготовка. Сепак, на многумина им се случува откако ќе се оладат, палачинките да бидат жилави и тврди. Рецептот според кој повеќето од нас го прават овој сладок десерт, вели дека во смесата се ставаат цели јајца, но вие одвојте ја белката од жолчката и така ќе ги добиете најмеките и најровките палачинки кои сте ги пробале.

Подготовка:

  1. Смесата за палачинки подгответе ја како и обично, со една ситна измена: одвојте ја жолчката од белката и во смесата ставете ги само жолчките.
  2. Откако ќе ги изматите или измешате состојките, на страна во друг сад изматете ги само белките, но да не добиете цврста пена како за пуслици туку малку помека.
  3. Изматените белки полека додавајте ги во смесата со жолчките, мешајки со жица или лажица за мешање.

Палачинките подготвени на овој начин ќе имаат пенеста структура, така што дури и откако ќе се оладат и отстојат нема да бидат жилави и тврди туку ќе останат меки, ровки и превкусни.

 

Слични написи

Мексиканско кафе

Biba

Печени лепчиња

Biba

Крем од лимон и капини

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.