Гастрономија

Освежителна лимонада со лубеница

Потребни состојки:

1 чаша свежо исцеден сок од лимон (околу 5-6 лимони)

4 чаши сок од лубеница (околу половина лубеница)

4 чаши вода

1-2 чаши шеќер (или по вкус)

4 лажици свежо нане исечкано за гарнир

Начин на подготовка:

  1. Исцедете ги лимоните и соберете го сокот во еден сад.
  2. Лубеницата изблендајте ја и процедете го само сокот без пулпа.
  3. Измешајте ги заедно двата сока, додајте ги шеќерот и водата и измешајте за да се раствори шеќерот.
  4. Лимонадата послужете ја во стаклени чаши со коцки мраз, украсени со ливчиња нане.

На здравје!

Слични написи

Палачинки без јајца и млеко

admin

Спанаќ потпечен со сирење

Biba

Грав со чадени колбаси

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.