Гастрономија

Грав со чадени колбаси

 

Потребни состојки:

2 главици ситно сецкан кромид

3-4 исецкани моркови

450 г грав

200 г чадени колбаси исецкани на тркалца или на четвртинки

1 патлиџан насецкан на парчиња

3-4 чешниња лук

1 лажица ситно исецкан целер

1 лажица исецкан свеж магдонос

сол и бибер

1/2 лажичка оригано

2 лажици масло

Количината на состојките прилагодете ја на вашиот вкус и на бројот на лица за кои готвите.

Начин на подготовка:

  1. Во тенџере на средна температура во загреано масло пржете го кромидот додека да омекне. Додајте ги морковите и колбасите, измешајте и пржете околу пет минути.
  2. Додајте вода, во неа ставете го гравот и варете го на средна температура.
  3. Кога гравот ќе биде половина сварен, додајте ги патлиџанот, лукот и целерот.
  4. При крајот на варењето ставете сол, бибер, зачини по вкус, оригано и магдонос.
  5. Јадењето сервирајте го топло, декорирано со свеж магдонос или изрендан пармезан.

На здравје!

 

Слични написи

Шведски чоколадни бомбици

Biba

Плескавици од компири

Biba

Здрави палачинки од овесно брашно

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.