Гастрономија

Палачинки без јајца и млеко

 

Обично кога се зборува за палачинки, се подразбира приготвување на смеса од јајца, брашно и млеко. Но, во ситуација кога не смеете да консумирате млеко или јајца, или и млеко и јајца, тогаш варијантата без јајца и млеко ќе ви биде повеќе од корисна.

Потребни состојки:

1 л вода (обична или минерална)

500 г брашно

1/2 ќесичка прашок за пециво

4 лажици шеќер

1 ќесичка ванилин шеќер

1/2 лажичка сол

изрендана кора од 1/2 лимон

Начин на подготовка:

  1. Сите состојки измешајте ги со миксер со половина од водата додека да се соединат.
  2. Потоа додајте го остатокот од водата и матете додека да исчезнат грутките.
  3. Оставете ја смесата да отстои 15-30 минути. Палачинките печете ги на зејтин или на путер.
  4. Послужете ги со фил по ваш избор.

На здравје!

 

Слични написи

Супербрзо фокача лепче

Biba

Мока кафе со какао

Biba

Домашен сладолед со праски

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.