Гастрономија

Спанаќ потпечен со сирење

 

Потребни состојки:

500 г спанаќ

250 г сирење

3 јајца

2 лажици сусам

сол и зачини по вкус

кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Измиениот и исчистен спанаќ се динста на тивко додека омекне. Кога ќе се олади се процедува убаво водата и спанаќот ситно се сецка.
  2. Испасираното сирење се мати со три жолчки, кога смесата ќе се изедначи се додава спанаќот.
  3. Убаво се меша, се додава сол и зачини по вкус, па смесата се става во намрсено тавче.
  4. Белките се матат пенесто и се истураат врз смесата за печење. Врз белките се ренда кашкавал по желба, се посипува сусам и се пече околу 30 минути на 200 степени Целзиусови.
  5. Се сервира топол со кисело млеко или со павлака.

На здравје!

 

Слични написи

Алкохолен десерт: Направете розеви гумени бонбони

dart

Пита од тиква и бадеми

admin

Шпагети со топчиња од месо

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.