Здравје

Навики кои можат да ја намалат плодноста кај мажите

Д-р Натали Крафорд, која ја проучува човечка репродукција, веќе подолго време на својот профил на Инстаграм објавува совети и едукативни видеа за плодноста, зачнувањето и бременоста. Таа неодамна ги предупреди мажите за пет работи доколку планираат да ја исполнат својата улога како родители.

Според неа, некои лоши навики и тоа како можат негативно да влијаат на квалитетот на спермата, но и да доведат до неплодност. Таа тврди дека мажите кои планираат да имаат бебе треба веднаш да престанат да пушат цигари, но и марихуана, бидејќи е докажано дека го намалува производството на сперма и негативно влијае на нејзиниот квалитет.

Користењето стероиди и слични препарати е исто така забрането ако сакате наскоро да станете татко.

Покрај тоа, д-р Крафорд советува да се исфрли од исхраната внесувањето на масни производи, бидејќи содржат многу лоши хемикалии и други состојки кои влијаат на плодноста.

А како последен, кој е особено опасен, го истакнува држењето лаптоп во скутот. Крафорд предупредува дека топлината што доаѓа од лаптопот додека работи може да ја зголеми температурата во тестисите, а високата температура ги убива сперматозоидите. Оваа лоша и честа навика не само што негативно влијае на плодноста, туку и ја зголемува шансата за појава на тумори поради зрачење.

Слични написи

Од замор до депресија: ова се знаците дека ви недостасува витамин Д

dart

Како да ја олесните болката од вкочанетите зглобови

Biba

Киви – тајните на суперовошјето

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.