Здравје

Како да ја олесните болката од вкочанетите зглобови

 

Квалитетното спиење, освен длабок сон подразбира и удобна положба на телото. Како да станете наутро без да ви чкрипат коските?

Можеби предолго сте оделе, сте вежбале напорно или незгодно сте спиеле, па следниот ден се будите со вкочанети зглобови. Или можеби имате артритис? Која и да е причината, никој не сака да се разбуди со болка во вратот, колената, грбот, рамениците.

Како да се опуштиме… Според истражувањата, најдобро е да се создадат здрави навики за спиење за да се избегне вкочанетоста на “чкрипливите” делови на телото и за подолго да се зачуваат здрави.

Одберете некоја од следните пози за спиење:

  • Ако спиете на грб, ставете мало перниче под колената
  • Ако спиете на страна, избегнувајте да ги ставате брадата и вратот во фетална положба
  • Ако спиете на стомак, ставете перница под телото за главата и вратот да не бидат премногу истегнати на страна

Наместо аналгетици за болките и за зглобовите, подобро е здраво да се храните за да го намалите ризикот од артритис. Редовно пијте зелен чај кој е одличен за коските. Обидете се секојдневно пред ручекот да јадете салата, бидејќи освен на дигестивниот систем, тоа ќе им годи и на вашите раце и на колената.

 

Слични написи

Со лимонада против депресија

Biba

Продукти што го чистат телото од никотин

Biba

Витамини и минерали кои ублажуваат настинка и грип

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.