Здравје

Киви – тајните на суперовошјето

Yang Tao, така Кинезите го нарекуваат кивито, овошје што го сметаат за национално. Од таму мисионерите во почетокот на XX век го пренеле на Нов Зеланд, а потоа насекаде низ светот. Кивито го добило своето има на Нов Зеланд според птицата Киви која потекнува од островот.

Кивито исто така го нарекуваат и билка на вечната младост и здравје, бидејќи содржи многу витамини, минерали и други состојки кои благотворно делуваат на човечкиот организам.

Во 100 грама киви има до 300 милиграми витамин Ц, 174 милиграми витамин А, а содржи и прилично витамини од групата Б. Освен тоа има многу калциум, железо, фосфор, магнезиум и други минерали.

Нутриционистите го сметаат кивито за “суперовошје” бидејќи дава идеална рамнотежа помеѓу минималниот број на калории и максималниот исцелителен учинок на организмот. Благодарение на високите вредности на витамини и минерали, ефикасен е во борба против респираторни инфекции, а освен тоа го јакне имунитетот, штити од настинки, го регулира крвниот притисок, го намалува ризикот од срцеви и мозочни удари. Исто така кивито го намалува холестеролот, ги неутрализира слободните радикали и го чисти организмот од токсини.

Се препорачува секојдневно конзумирање на кивито, но не повеќе од две заради можноста од алергии.

Слични написи

Што е мозочна магла и што ја предизвикува

dart

Здрави и безбедни начини кои ќе ви помогнат да ја зголемите телесната тежина

Biba

Секој чај е наменет за соодветна болка

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.