Гастрономија

Динстани тиквички со кромид

Потребни состојки:

1 лажица масло, по можност екстра девствено маслиново

2 лажици несолен путер

1 главица кромид исечкан на месечинки

4 тиквички исечкани на тркалца со дебелина од 1 см

1/2 лажичка сол

1/4 лажичка црн пипер

1/2 лажичка сува мајчина душица

2-3 лажици свежо изрендан пармезан

Начин на подготовка:

  1. Ставете ги маслиновото масло, кромидот и 1 лажица путер во голема нелеплива тава на средно-тивок оган. Динстајте додека кромидот не почне да ја менува бојата, околу десетина минути.
  2. Додајте ги тиквичките, солта, биберот, мајчината душица и другата лажица путер. Малку зголемете ја температурата на ринглата и продолжете да динстате со повремено мешање додека тиквичките да се сварат и да почнат да запржуваат. Кога ќе добијат нежно кафеавкаста боја, за околу 10 до 15 минути, тргнете ги од оган.
  3. Веднаш посипете ги со пармезанот и послужете ги додека се топли.

На здравје!

Слични написи

Плескавици од компири

Biba

Крцкави чоколадни плочки

Biba

Топло-ладно (лава колач)

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.