Гастрономија

Плескавици од компири

 

Потребни состојки:

2 јајца

4 лажици брашно

1/4 лажичка прашок за печиво

1/2 лажичка сол (по вкус може и повеќе)

1/4 лажичка бибер

6 средни компири, излупени и крупно изрендани

1 ситно исецкан кромид

1/4 чаша масло

може да додадете ситно сецкан лук, свеж магдонос и зачини по ваша желба

Начин на подготовка:

  1. Во длабок сад измешајте ги сите состојки, освен компирите и кромидот. За да не потемни компирот чувајте го во многу ладна вода, а пред да го ставите во смесата убаво исцедете го со раце или во крпа.
  2. Кога смесата ќе се изедначи додајте ги компирите и кромидот, и убаво измешајте да добиете компактна смеса.
  3. Во широко тавче на средна температура ставете масло и со лажица ставајте во маслото од смесата. Лажицата да биде полна со врв и откако ќе ја спуштите смесата во тавчето, благо притиснете ја надолу за да се сплеска. Плескавиците пржете ги по 3 минути од секоја страна, додека да добијат златнокафеава боја и да станат крцкави однадвор. По вадењето ставајте ги на хартија која ќе го впие вишокот маснотија.
  4. Сервирајте ги самостојно или како прилог на печено месо, пржени колбаси или друго јадење по ваш избор.

На здравје!

 

Слични написи

Батерскоч карамели

Biba

Брзо колаче со ореви

Biba

Домашни корнети за сладолед

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.