Гастрономија

Домашни корнети за сладолед

 

Потребни состојки:

2 белки, по можност од поголеми јајца

1/2 чаша шеќер

3 лажици млеко

1/2 лажичка екстракт од ванила

1 прстофат сол

2/3 чаша брашно, просејано (100 г)

2 лажици стопен путер

За декорација: стопено чоколадо, шарени трошки, сечкани ореви, додатоци по вкус.

Состојките се доволни за 8 корнети.

Начин на подготовка:

  1. Белките, шеќерот, млекото, ванилата и солта ставете ги во длабок сад и изматете ги со жица за матење. Додајте ги брашното и путерот и продолжете со мешање додека сите состојки да се соединат и добиете мазна смеса.
  2. На ниска или средна температура на шпорет во тавче што не лепи ставете 1 1/2 лажица од смесата, изедначете ја и формирајте тенок круг со дијаметар од околу 15 см. Пржете ја смесата околу 4-5 минути од едната страна, потоа завртете ја на другата страна и пржете уште 1-2 минути.
  3. Кога ќе се испржи, извадете го дискот и брзо формирајте конус (фишек) почнувајќи од дното на корнетот кон горе. Мора да бидете брзи затоа што дискот ќе почне да се стврднува веднаш штом го извадите од тавчето. Ако сепак ви се стврдне и не можете да го обликувате, вратете го во тавата кратко да омекне и потоа завиткајте го. Формираниот корнет ставете го во чаша за да не ја загуби формата или кратко (1-2 минути) задржете го во крпа додека да се стврдне на спојот. На ист начин направете ги и останатите корнети. Внимавајте врвот да биде доволно широк за да можете корнетот да го наполните со сладолед.
  4. Врвовите на секој корнет декорирајте ги по ваш вкус, на пример може да ги натопите во стопено чоколадо, па да ги обложите со сечкани ореви/лешници или нешто друго по ваш избор.
  5. Најдобро е корнетите да ги послужите истиот ден кога ќе ги направите, а смесата во фрижидер во добро затворена кутија може да стои до два дена, па можете и однапред да ја подготвите, а потоа само да ги испржите и обликувате. Готовите корнети чувајте ги на собна температура во добро затворена кутија најмногу два дена.

На здравје!

 

 

Слични написи

Колбаси, пиперки и кромид во две варијанти

Biba

Топло-ладно (лава колач)

admin

Колаче со лимон

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.