Гастрономија

Модри патлиџани полнети со сирење

 

Потребни состојки:

250 г мрсно сирење

100 г путер

5 модри патлиџани

1 јајце

1 главица кромид

магдонос

сол

Начин на подготовка:

  1. Модрите патлиџани се лупат и обаруваат во солена вода. Кога ќе омекнат, водата да се исцеди и да се остават модрите патлиџани да се оладат.
  2. Секој модар патлиџан да се пресече на половина по должина и внимателно да се издлаби.
  3. Извадениот дел од модриот патлиџан ситно да се исецка, па да се измеша со 250 грама мрсно сирење и 50 грама путер.
  4. Во тоа да се додаде главица ситно исецкан кромид, малку магдонос и едно цело јајце.
  5. Да се наполнат половинките од модрите патлиџани со подготвената содржина, да се наредат во добро намастен огноотпорен сад, а на врвот од секој модар патлиџан да се стави парче путер и јадењето да се испече во загреана рерна.

На здравје!

 

Слични написи

Чоколадни топчиња со лешници

Biba

Домашни тортиљи

Biba

Хранливо и вкусно зелено смуди

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.