Гастрономија

Домашни тортиљи

 

Потребни состојки:

600 г брашно

50 мл масло

200-300 мл млака вода

1 прстофат шеќер

сол по вкус

Начин на подготовка:

  1. Измешајте ги сувите состојки и полека почнете да месите тесто додавајќи по малку млака вода.
  2. Кога ќе добиете тесто со средна тврдина направете топчиња кои со сукало ќе ги исукате во форма на круг (со димензија на тавчето во кое ќе се пржат).
  3. Пред пржењето тортиљите нека отстојат 15-ина минути покриени со најлон фолија.
  4. Пржете ги на средна температура во тефлонско тавче по 1-2 минути од секоја страна.
  5. Кога ќе бидат готови, наполнете ги со фил по сопствен избор или послужете ги суви, пресечени на четвртинки со некој сос.

На здравје!

Слични написи

Пушен бакалар со рижото и праз

Biba

Брзи крцкави печени компири со палента

Biba

Плескавици од стар леб

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.