Гастрономија

Пушен бакалар со рижото и праз

 

Потребни состојки:

1 лажица путер

1 исечкан долг страк праз

300 г ориз за рижото

700 мл зеленчуков бујон

250 мл млеко

400 г пушен бакалар без кожа, исечен на парчиња

3 лажици павлака

100 г млад спанаќ

сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

  1. Во тава на шпорет стопете го путерот на средна температура. Додајте го празот и со мешање пржете го 4-5 минути додека да омекне.
  2. Додајте го оризот и мешајте уште 2-3 минути.
  3. Потоа додајте ги млекото и бујонот, оставете смесата да зоврие, нека врие 5 минути и потоа одозгора ставете ги парчињата бакалар.
  4. Покријте ја тавата со капак или со алуминиумска фолија и ставете ја да се пече во рерна загреана на 200 степени Целзиусови, 15-20 минути, додека да омекне оризот.
  5. Извадете ја тавата од рерна, додајте ги павлаката и спанаќот, зачинете и измешајте лесно. Покријте ја повторно тавата и оставете ја да отстои околу 5 минути пред послужување.

На здравје!

 

Слични написи

Енергетски плочки од житарки и суво овошје

Biba

Колач со праски и крем

Biba

Ледено кафе со Нутела

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.