Спорт

Ракометарите на Работнички ги изненадија дечињата на Инфективната клиника во Скопје

Ракометарите на Работнички своето срце и дух, освен на теренот, го вложуваат и во хумани цели.

Вчера, 03.12.2018, година претставници на екипата на РК Работнички ги посетија дечињата хоспитализирани на Инфективната клиника во Клиничкиот центар Мајка Тереза – Скопје.

Целта на оваа посета беше да им се олесни престојот на дечињата на клиниката, да се орасположат и насмејат. Ракометарите на децата им подарија играчки и мечиња.

Посетата помина во весело расположение, со многу детски насмевки и радосни срца.

Клубот Работнички им се заблагодарува на главната сестра на Инфективна клиника Зорица Љубициќ и на физиотерапевтот Велимир Тричковски, за топлиот пречек.

Слични написи

Се огласи Марадона после веста дека го нема на клупата во Мексико

admin

Мариjано Дијаз е новата „седумка” на Реал Мадрид

Biba

Роналдињо остана без пасош

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.