Гастрономија

Лосос полнет со спанаќ и фета

 

Лесен и брз рецепт кој се подготвува за помалку од половина час.

Потребни состојки:

0,5 до 1 кг филе лосос без коски и без кожа

150 г издробено фета сирење

150 г млад спанаќ

1 лажица сенф

сол и бибер по вкус

маслиново масло

свежо оригано, ситно сечкано

Начин на подготовка:

  1. Филето пресечете го централно, да добиете две споени половини (како пеперутка), со внатрешната страна одозгора. Зачинете го со сол и бибер и намачкајте го со сенф.
  2. Наредете половина од спанаќот, врз него распоредете ја фетата, па врз сирењето втората половина од спанаќот. Внимателно свиткајте го лососот во ролна и врзете го со конец на неколку места за да не испадне филот за време на печењето.
  3. Премачкајте го со масло, сол, бибер и оригано и печете го во подмачкано тавче во претходно загреана рерна на 450°C околу 20 минути.
  4. Кога ќе се испече извадете го конецот и јадењето послужете го со свеж зеленчук.

На здравје!

Слични написи

Жолта торта

Biba

Дали печурките треба да се измијат пред готвењето?

dart

Шпагети со топчиња од месо

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.