Гастрономија

Спанаќ потпечен со компири и јајца

 

Потребни состојки:

Пире:

1,5 кг компири

50 г путер

150 мл павлака за готвење

сол и бибер

Спанаќ:

50 г путер

2 чешниња лук, ситно исечкан

1 главица кромид, ситно исечкан

800 г спанаќ (може и смрзнат)

100 мл павлака за готвење

сол и бибер

4 јајца (или повеќе, според вашите потреби)

Начин на подготовка:

Пире:

  1. Компирите сварете ги и испасирајте ги со виљушка.
  2. Додајте ги путерот и павлаката и измешајте. Зачинете со сол и бибер и изматете го пирето лесно со миксер да се изедначи смесата.

Спанаќ:

  1. Во тенџере на средна температура ставете го путерот. Кога ќе почне да се топи додајте ги лукот и кромидот.
  2. Кога кромидот ќе се запржи и ќе стане проѕирен, додајте го спанаќот исечкан.
  3. Пропржете кратко и додајте ја павлаката за готвење. Измешајте и по кратко динстање зачинете со сол и бибер.
  4. Во огноотпорна тава  распоредете го спанаќот еднакво по целото дно на тавата. Врз него распоредете го подеднакво пирето. Врз пирето наредете ги на одредено растојание јајцата цели. Печете околу половина час на 180 степени Целзиусови. Сервирајте го јадењето додека е топло.

На здравје!

 

Слични написи

Енергетски бомбици

admin

Шеќерни колачиња

Biba

Сочна чоколадна торта со бел крем

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.