Здравје

Корисноста од матичниот млеч за децата

Матичниот млеч претставува супер храна која пчелите освен што ги храни, служи и за да ги заштити и да им даде енергија. Неговиот состав е совршена комбинација од хранливи материи. Содржи протеини, шеќери (глукоза и фруктоза), висока количина на витамини (А, B, C, D и Е, и е најдобар природен извор на витамин B5), аминокиселини, минерали (калциум, железо, бакар, магнезиум, фосфор, калиум, силициум, натриум, сулфур и др.), јаглени хидрати, есенцијални масни киселини, елементи во трагови и природни антибактериски и антибиотски компоненти.

Матичниот млеч е суплемент кој е докажано безбеден за децата, меѓутоа, треба внимателно да се дозира. На почетокот се дава во многу мала количина која постепено ќе ја зголемувате. Пред да направите било какви промени во исхраната на детето најдобро е прво да се посоветувате со неговиот лекар. Стручните лица препорачуваат да не се дава матичен млеч на деца помали од 6 години.

Здравствени предности од матичниот млеч за децата

Најчесто се дава за подобрување на имунитетот, поттикнување на растењето, при развојни проблеми, слаб имунитет и слаб апетит. Матичниот млеч можат да го јадат и здрави деца како поддршка на имунитетот и за да бидат посилни и поотпорни.

Како се дозира

Препорачаната дневна доза изнесува 25-100 мг, зависно од возраста на детето. Се дава по една капка да се стопи под јазикот или заедно со мед. Потребно е да се направи пауза после два месеци консумирање на матичен млеч, а најдобро е за тоа да се консултирате со нутриционист или со лекар. Ако детето има проблем со вкусот на матичниот млеч, можете да го подобрите ако го давате заедно со мед.

Нуспојави од матичниот млеч

И покрај тоа што матичниот млеч има повеќе предности отколку недостатоци, кај некои деца можат да се јават нуспојави при неговото консумирање: вознемирен стомак, пролив, солзење на очите, кашлање и кивање, алергија, акутна астма, контактен дерматитис.

Децата кои се алергични на пчели и пчелини производи не смеат да употребуваат матичен млеч.

 

 

 

Слични написи

Придобивки од консумирање на сардини

dart

Јаткастите плодови го намалуваат нивото на холестерол во крвта

Biba

Алкохолот ги влошува симптомите на алергија

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.