Здравје

Јаткастите плодови го намалуваат нивото на холестерол во крвта

 

Според анализите на 25 клинички истражувања, уживањето во ореви, бадеми и лешници е поврзано со подобрување на концентрацијата на холестерол во крвта, објави списанието Archives of Internal Medicine.

Јаткастото овошје е богато со растителни протеини, особено со незаситени масни киселини, влакна, минерали, витамини и други компоненти како антиоксиданти, истакнуваат авторите на студијата.

“Во последно време, потрошувачката на овој тип овошје се истражува заради неговата способност да го намали холестеролот во крвта, а со тоа ja намалува и опасноста од кардиоваскуларни заболувања”, вели Џоан Сабате од Универзитетот Лома Линда во Калифорнија.

Таа со својот тим ги анализирала податоците од 25 клинички испитувања за потрошувачката на овие намирници во седум земји, во кои учествувале 583 мажи и жени кои имаат повисоки или намалени концентрации на холестерол во крвта.

Истражувачите споредувале контролна група на учесници во истражувањето со друга која трошела извесни количини ореви, бадеми и други јаткасти плодови. Ниту еден од испитаниците не користел лек за намалување на холестеролот.

Испитаниците трошеле во просек 67 грама бадеми, ореви или други јаткасти плодови дневно, што било поврзано со просечно намалување на вкупното присуство на холестерол за 5,1 % .

Нивниот степен на ЛДЛ холестерол (таканаречен “лош” холестерол) се намалил за 7,4 %, а ХДЛ или “добриот” холестерол пораснал за 8,3 %.

 

Слични написи

Лошата орална хигиена за време на бременоста може да биде кобна за бебето

Biba

Поставен нов рекорд за породување по природен пат

admin

Калорични продукти кои треба да ги избегнувате ако сакате да имате рамен стомак

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.