Убавина

На кој начин стилот на живот влијае на животниот век

 

Животот во лоши социјално-економски услови може да му одземе на човекот 2 години од животот. Ова посебно се однесува на седентарниот начин на живот, без многу движење и активности – покажуваат резултатите од истражувањето објавени во британскиот весник Lancet.

Во Европа владеат огромни разлики во поглед на здравото стареење, квалитетот на живеење и должината на животниот век на луѓето од различни социо-економски групи, а здравото стареење и квалитетниот живот треба да бидат достапни за секого, не само за лицата со повисок социо-економски статус.

Проучувајќи 48 студии кои биле направени во САД, Австралија и неколку европски земји, научниците дошле до заклучок дека лошите социјални и економски услови, како што е нискиот степен на образование и ниски квалификации во работата, можат да го скратат животниот век на поединецот во просек за 2,1 година.

Пушењето, дијабетесот и премногу седење го скратуваат животот

Уживањето во цигарите го скратува животот просечно за 4,8 години, дијабетесот за 3,9 а седечкиот начин на живот за 2,4 години, потсетува Lancet.

Истражувањето е спроведено во склоп на проектот Lifepath – посветен на здравото и квалитетно стареење, а е финансирано од Европската комисија.

“На сите ни е познато дека степенот на образование, финансиските приходи и работата, влијаат на здравјето на поединецот, но малку студии истражувале во колкава мера се тие фактори важни “, објаснува д-р Мика Квимаки од лондонскиот University College кој учествувал во истражувањето.

Научниците истакнуваат дека во склоп на локалната, националната и меѓународната политика може да се влијае на промените во социо-економските услови на живот и дека таквите промени силно би се одразиле на продолжување на животниот век, многу повеќе отколку помошта при одвикнување од пушењето или советувањето за дијабетес. Од вакво посредување повеќе корист имаат привилегираните лица, односно оние со повисок социо-економски статус.

Привилегираните лица се помалку изложени на опасни ситуации

“Социо-економскиот статус е важен затоа што ја претставува изложеноста на поединецот на опасни услови и околности во текот на целиот живот”, вели водачот на проектот Паоло Винеис.

Целта на проектот Lifepath е да се разберат биолошките механизми на кои се темелат социјалните разлики во периодот на стареење и поради кои општествената нееднаквост влијае на нееднаквоста и кога се работи за поединецот.

 

Слични написи

Природни препарати за потемнување на кожата кои можете да ги направите сами

admin

Како да ги избегнете црвенилото, поткожните влакна и крвавењето, кога ја бричите бикини зоната

Biba

Тајните на добрата маскара

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.