Здравје

Придобивки од консумирање на сардини

Треба да почнете почесто да консумирате сардини поради нивните особено добри здравствени ефекти. Еве што конкретно ги прави корисни.

Една конзерва сардина содржи 27 проценти од препорачаната дневна количина на калциум. Сардините, исто така, содржат витамин Д, кој му е потребен на вашето тело за да го апсорбира калциумот. Така овие хранливи материи ќе ги одржат вашите коски силни.

Сардините се извор на омега-3 масни киселини. Зошто ни се потребни?

„Исхраната богата со омега-3 масни киселини го намалува нивото на холестерол и ризикот од срцеви заболувања“, изјави нутриционистката Бетани Кит за списанието Eat This, Not That.

Истражувањето кое беше објавено минатата година во списанието JAMA Internal Medicine, покажа дека консумирањето најмалку 175 грама масна риба го намалува ризикот од срцеви заболувања кај здравите луѓе, но и кај оние кои веќе имаат срцеви заболувања.

Сардините содржат и витамин Б12. Постарите лица кои имаат стомачни болки најчесто страдаат од недостаток на овој витамин, што доведува до замор, односно недостаток на енергија.

Важно е да се напомене дека Б12 нема веднаш да ви ја „подигне“ енергијата и дека ви е потребна честа консумација на сардини за да се ослободите од уморот.

Слични написи

Дали знаете како слабеењето влијае на вашиот имунолошки систем?

dart

Симптомите на менопауза може да ги олесни исхрана богата со овошје и зеленчук

Biba

Дали КЕТО диетата може да помогне во борба против ракот на јајници

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.