Психологија

Експерт советува десет правила за успешна комуникација

Френк Лунц, автор на книгата “Words that work”, е политички консултант и автор на бројни прирачници за лидери, во кои објаснува како зборовите што ги користиме влијаат на секојдневниот живот. Тој смета дека говорот е моќно оружје кое може да ги одреди постапките и емоциите на луѓето.

Лунц вели дека постојат десет правила за добра комуникација, а најважното од нив е користење на кратки и едноставни реченици.

“Пречесто користиме фрази кои звучат добро, но ни самите не ги разбираме, а тоа остава впечаток на несигурност. Научните изрази се непотребни, зборувајте на начин на којшто секој може да ве разбере. Никогаш не користете долги зборови ако има нивна пократка замена. Сметам и дека употребата на метафорите треба потполно да се исфрли. Бидете кратки и јасни”, објаснува Лунц.

Друга работа што ја советува е да внесеме емоции во апсолутно секој разговор.

“Бидете им инспиративни на луѓето што ве опкружуваат. Не заборавајте дека лесно се забораваат изговорените зборови, но никој нема да заборави како се чувствувал додека ве слушал”, тврди Лунц и додава дека фантазијата е уште една корисна алатка.

“Визуелизирајте сè што можете, зборот ‘замисли’ може да биде многу моќен и корисен”, вели Лунц, кој е познат како консултант кој во говорот ги вовел фразите “данок на смрт” наместо “данок на наследство” и “промена на климата” наместо “глобално затоплување”.

Зборувајте, но и слушајте

Четвртото правило на Френк Лунц е дека секогаш треба да се ислуша соговорникот.

“Целта на разговорот не е да зборува само еден човек, туку сите присутни. Ако држите предавање или говор, прекинувајте го за да им поставите кратки прашања на учесниците, за и тие да бидат вклучени. Сослушајте што имаат луѓето да ви кажат”, вели Лунц.

Советува да се внимава на тонот и бојата на гласот. “Повишете го тонот кога сакате да го привлечете вниманието на соговорниците или да нагласите нешто. Не треба постојано да бидете прегласни, тоа ги одбива луѓето”, тврди консултантот.

Луѓето често се интересираат за нови теми или за нешто што им е непознато. “Понудете им на соговорниците нови, свежи информации, така им овозможувате да научат нешто ново. Луѓето по природа се љубопитни”, вели Лунц.

Во текот на зборувањето треба да се биде доследен, да не се скока од тема на тема. “Разговорот нека има добар тек, а приказната треба да има логичен почеток и крај “, тврди тој, и додава дека контекстот е секогаш корисен.

Контекстот е клучен

“Тој за разговорот е многу вреден затоа што поблиску го објаснува она што се обидуваме да го кажеме. Податокот не е сместен во простор и време и сам по себе има мало или никакво значење, но кога ќе го ставиме во одреден контекст му го одредуваме и значењето”, заклучува на крајот Френк Лунц.

Слични написи

Психолозите откриваат како да им се обратите на децата ако ви треба нивната помош

Biba

Сексуален развој кај децата: што е нормално, а што не е?

Biba

Мултитаскингот не функционира онака како што мислиме

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.