Психологија

Психолозите откриваат како да им се обратите на децата ако ви треба нивната помош

Истражувачите дошле до ова сознание така што проучувале како јазикот т.е. начинот на кој им се обраќаме, влијае на децата.

Истражувањето објавено во списанието Child Development открива дека многу поефикасно е од децата да побараме помош, отколку да ги нарекуваме наши помошници. Ако ги замолите за помош, ќе ги охрабрите да делуваат дури и ако не се баш расположени за тоа, а ако ги наречете свои помошници може да им наштетите и да ги демотивирате, предупредуваат психолозите.

И покрај тоа што можеби не сме свесни за тоа, има голема разлика дали во комуникацијата со децата ќе употребиме глагол или именка. Секој од овие два вида на зборови различно влијае на нив. Психолозите откриле дека користењето на глагол им остава на децата многу повеќе простор за избор и делување, додека пак именката премногу ги одредува и дефинира.

Односно, ако од детето сте побарале да биде ваш мал помошник, а тоа не ја изврши задачата како што треба, ќе се обесхрабри и ќе се смета за неуспешно. Но, ако од него побарате да ви помогне – тоа нема да се случи.

Научниците до овие сознанија дошле со проучување на влијанието кое јазикот го има врз децата. Направиле експерименти во кои четиригодишни и петгодишни деца замолиле за помош или ги нарекле свои помошници.

Ситуацијата во двата случаи била иста: децата носеле кутија која се распаднала и нејзината содржина се истурила на подот кој претходно бил исчистен. Се покажало дека децата од кои било побарано да помогнат биле поприлагодливи, еластични и активни во решавање на новонастанатата ситуација, додека пак малите “помошници” не биле подготвени да помогнат, освен ако им се понуди награда.

“Ова истражување покажува како треба да зборуваме со децата за акциите кои треба да ги преземат. Употребата на глагол ќе ги поттикне на делување”, објаснува психологот Емили Фостер-Хенсон.

Слични написи

Лутината е поштетна за здравјето на постарите луѓе отколку тагата

Biba

Психологија на привлечност: Како избираме емотивни партнери

dart

Самодоверба кај тинејџерите

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.