Психологија

Како да ги препознаете енергетските вампири

Хиндуистичкиот свештеник и меѓународен говорник за личен развој Дандапани, објаснува како да ги препознаеме луѓето кои ја црпат нашата енергија, таканаречените енергетски вампири.

Веројатно се случило во друштво на некоја личност или после дружењето, да се чувствувате исцрпено, исплашено, тегобно, или да ви биде досадно. Можеби чувствувате вина затоа што имате лошо мислење за таа личност, но важно е да откриете на кој начин ви ја одзема енергијата.

Енергетски вампир може да биде кое било лице од вашата близина – член на семејството, пријател, колега или некој што случајно сте го запознале.

Дандапани ги дели енергетските вампири на две групи. Во првата група се луѓе кои привремено ви ја крадат енергијата затоа што поминуваат низ тежок период во животот како што е развод, смрт на близок, губење на работното место и слично. Во другата група се постојаните енергетски вампири, луѓе кои немаат намера да ги сменат своите ставови и личноста. Тие лесно се препознаваат, затоа што после средбата со нив се чувствувате лошо.

Кои се заеднички особини за двата типови енергетски вампири?

  • Себеси се прикажуваат како жртви и секогаш надворешни околности се виновни за нивните проблеми во животот. Се обидуваат да обвинат други за нивните проблеми наместо да преземат одговорност за нивниот живот
  • Секогаш се наметнуваат во друштво и сакаат да бидат во центарот на вниманието
  • Имаат нарцистички став; сè на светот се врти околу нив; другите се неважни
  • Околу сè прават драма во која тие се главни учесници

Ваквите луѓе е најдобро да ги избегнувате, а ако не можете заради тоа што се членови на вашето семејство или колеги, тогаш игнорирајте ги ако сакате да ја зачувате вашата енергија.

Слични написи

Зборови и фрази кои треба поретко да ги изговарате

Biba

Подигнете го нивото на емоционална енергија

Biba

Неуредниот дом влијае на психофизичкото здравје

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.