Гастрономија

Јафа бомбици

 

Потребни состојки:

300 г мелени бисквити

1-2 лажици какао

150 мл цеден сок од портокал

2 лажици мармалад од портокал или кајсии

1 ванилин шеќер

50 г чоколадо за готвење (по желба може и повеќе)

1 лажица мед

изрендана кора од портокал

Начин на подготовка:

  1. Мелените бисквити измешајте ги со какаото, па прелејте ги со сокот од портокал и измешајте.
  2. Додајте го медот, мармаладот, стопеното чоколадо и ванилиниот шеќер. Повторно измешајте да се соединат сите состојки, па додајте ја изрендата кора од портокал. Убаво измешајте ја целата смеса и ставете ја 30 минути во фрижидер, а потоа обликувајте ги бомбиците или други форми по желба.
  3. Може и да ја ставите смесата во калап, па да ја сечете на парчиња. Ако ви се чини дека е многу мека, додајте уште малку мелени бисквити. По вкус, може да ставите и шеќер, ако сакате десертот да биде поблаг.

На здравје!

 

Слични написи

Салата со брокула и сланина

Biba

Погачици од тортиљи, полнети со говедско месо

Biba

Бели тестенини со павлака, пилешко и зеленчук

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.