Здравје

Газираните пијалаци го забрзуваат стареењето

 

Истражувањата покажуваат дека фосфатот кој на газираните пијалаци им го дава свежиот вкус, може да го забрза процесот на стареење.

Минералот, кој исто така се додава и на преработеното месо, колачињата и лебот, ја суши кожата, а може да му наштети и на срцето и на бубрезите. И покрај тоа што тестирањето е извршено само на лабораториски глувци, истражувачите од Универзитетот Харвард веруваат дека резултатите покажуваат потенцијални последици од високи дози фосфати.

Ова не е првата студија што ја става под прашалник сигурноста не газираните напитоци кои ги консумираат милиони луѓе секојдневно. Кршливите коски, ракот на панкреас, слабеењето на мускулите и парализата се поврзани со консумирање на овие напитоци, а се смета дека и само две лименки неделно го зголемуваат ризикот.

Во последната студија биле проучувани ефектите од фосфатите на три групи глувци. Првата група била генетски изменета да го поседува генот по име клото, заради кој глувците имале повисоко ниво фосфати од нормалното. Глувците живееле од 8 до 15 недели и страдале од низа здравствени проблеми поврзани со прераното стареење.

Втората група глувци го немала овој ген, а нивото на фосфати било нормално. Животните живееле околу 20 недели. Третата група глувци биле одгледувани исто како и втората, со таа разлика што тие консумирале храна богата со фосфати. Сите животни пцовисале до 15-тата недела, исто како и во првата група.

Ова покажува дека она што го тврдат научниците е вистина – фосфатите имаат токсични ефекти. Одржувањето на балансот на фосфатите во исхраната може да биде од клучно значење за здравјето и за долговечноста, тврди студијата.

Меѓутоа, производителите на газирани пијалаци ја доведуваат во прашање оваа студија, сугерирајќи дека не кажува кои пијалаци конкретно биле анализирани. Оттаму тврдат дека од газираните пијалаци доаѓаат само 3 % од фосфатите и дека луѓето можат да продолжат да уживаат во нив умерено, без страв за своето здравје.

 

Слични написи

Престојување пред телевизор повеќе од 4 часа е штетно за срцето и крвните садови

Biba

Еден обичен раствор спаси многу животи

dart

Дали вашето дете треба да расте со милениче

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.