Здравје

Сексот е здрав и на мажите може да им го спаси животот

Честата сексуална активност може да го намали ризикот од рак на простата за дури 33%. Активниот сексуален живот е показател на здрав организам.

Научниците од Харвард велат дека честото ејакулирање може да биде клучно во одржувањето на здрав желудник и избегнување на рак на простата.

Всушност, во истражувањето објавено во European Urology во кое учествувале 32 000 мажи, истражувачите наведуваат дека високиот процент на сексуална активност кај мажите може да го намали ризикот од карцином на простата за 33%. Оптималниот број на ејакулации на месечно ниво е 21, тоа е 252 пати годишно или 70% од деновите во годината.

Според статистиката направена на Универзитетот во Сиднеј, ракот на простата е еден од најчестите во Австралија или трет по смртност.

Најчест е кај постарите мажи над 65 години, дури 85%.

Во целата оваа слика за сексуалната активност и ракот на простата кај мажите, да не ја заборавиме и нужноста за здрава исхрана и здрав начин на живеење.

Слични написи

Совети за борба против мамурлак во новогодишните и божиќните празници

Biba

Со лимонада против депресија

Biba

Два зачина кои можете да ги додадете во кафето секое утро за побрз метаболизам

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.