Гастрономија

Едноставна густа супа од домати и босилек

 

Потребни состојки:

1 лажица маслиново масло

1 главица кромид, ситно исечкана

3 големи чешниња лук, ситно исечкани

1400 г патлиџани, излупени и исечкани

1/2 чаша свеж босилек

сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

  1. Во тенџере на средна температура загрејте го маслото. Во него ставете ги кромидот и лукот и динстајте ги неколку минути, додека да омекнат.
  2. Додајте ги патлиџаните и варете ги со повремено мешање додека да омекнат (околу десетина минути).
  3. Потоа тргнете го тенџерето од шпорет, додајте го босилекот, ставете сол и бибер по вкус, измешајте и изблендајте ја супата во блендер до посакуваната густина (може и директно во тенџерето со рачен блендер).
  4. Послужете ја супата додека е топла.

На здравје!

 

Слични написи

Домашни тортиљи

Biba

„Пијан“ коктел од лубеница кој одлично ќе ве разлади

dart

Песто од босилек

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.