Гастрономија

Песто од босилек

 

Потребни состојки:

2 чаши листови од босилек

2 чешниња лук

1/4 чаша пињоли (може да ги замените со бадеми, ореви, семки од сончоглед или ф’стаци)

2/3 чаша маслиново масло

1/2 чаша рендан пармезан

сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

  1. Листовите од босилек, лукот и пињолите ставете ги во блендер или процесор за храна и блендајте додека да добиете рапава конзистенција на смесата.
  2. Додајте 1/2 чаша маслиново масло и повторно изблендајте, да добиете мазна еднолична смеса.
  3. Зачинете со сол и бибер по вкус.
  4. Ако го служите веднаш, додајте го и остатокот од маслото, изблендајте, потоа додајте го ренданиот пармезан и измешајте да се соединат сите состојки.
  5. Сосот послужете го како прелив за тестенини, зеленчук, пица, фокача, салати, со чипс или со што сакате по ваш вкус.

Ако го замрзнувате пестото за подоцна, после чекорот број 3 префрлете го во вакуумирачки сад за замрзнување, одозгора сипете го остатокот од маслото и замрзнете го. Чувајте го во замрзнувач најмногу 3 месеци, а по одмрзнувањето додајте го ренданиот пармезан и измешајте.

На здравје!

 

Слични написи

Плескавици од тиквици и пармезан потпечени во рерна

Biba

Пушен бакалар со рижото и праз

Biba

Милиброд со суво грозје

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.