Гастрономија

Не ја фрлајте водата во која ги готвите тестенините

 

Тестенините се често присутни на нашите трпези. Водата во која се готват има и дополнителна намена.

Славните готвачи ја нарекуваат “златна течност” и нагласуваат дека е погрешно таа да се истура.

Водата, заради скробот кој го содржи, може да се користи за изработка на сосови и густи чорби. Оваа течност ќе ги згусне сосовите без додатно да користите други средства и дополнително ќе им даде убав вкус. И сосот за тестенината може да го зготвите во истата вода.

 

 

Друг начин да ја искористите водата во која сте вареле тестенини е во месењето леб. Ако според рецептот тестото се прави со вода, наместо обична вода од чешма, ставете ја водата во која сте свариле, на пример, макарони.

Оваа вода може да го збогати и вкусот на оризот, така што ќе ја искористите наместо вода од чешма, и во неа ќе го сварите оризот.

Ако внимавате на внесот на натриум во телото, тогаш оваа вода користете ја како замена за класичниот булјон од зеленчук или од месо, заради високите концентрации на натриум во нив. Како замена, наместо булјон, ставете вода во која претходно сте вареле тестенини.

 

Слични написи

Јафа бомбици

Biba

Лесен рецепт за Манчмалоу колач

Biba

Торта со јаболка и ореви

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.