Автомобилизам

Shelby GT 500 на Хенеси ќе има дури 1200 коњски сили

 

Форд неодамна ги откри деталите за својот Shelby GT 500, а тјунерите од Хенеси веќе се подготвени да им удоволат на љубителите на овој прекрасен автомобил.

Иако фабричкиот 5,2-литрен V8 модел има многу голема сила, дури 760 коњски сили и вртежен момент од 847 њутн метри, од Хенеси решија дека можат да постигнат уште повеќе и со тоа да ги задоволат големите апетити на љубителите на Shelby GT 500.

Во Хенеси креираа 3 Venom пакети на можност за овој автомобил.

Првиот пакет има подобрен мотор кој испорачува 850 коњски сили и вртежен момент од 983 њутн метри.

Вториот пакет на подобрување дава сила на моторот од 1000 коњски сили и вртежен момент од 1152 њутн метри.

Третиот пакет, кој се очекува да биде и најбаран, е пакетот во кој моторот испорачува дури 1200 коњски сили и вртежен момент од 1356 њутн метри, под услов да се користи Е85 гориво – гориво за тркачки автомобили.

 

 

Дополнителните 440 коњски сили се извлечени со вградување на два турбо полначи и подобрен систем за довод за гориво.

Промени има и во сопирачките, во изгледот на издувните цевки, подобрен ладилник и систем за довод на воздух.

Во Хенеси го модифицираа и седумстепениот менувач за да може да се справи со дополнителната сила на моторот.

Секое возило во Хенеси поминува дури 240 километри на тестирања за да се провери дали сите делови функционираат беспрекорно.

Гаранцијата трае 1 година или поминати 19 000 километри.

 

 

Слични написи

Првиот тест на Taycan, електричниот автомобил на Porsche

Biba

AUDI A6 доби Black Edition верзии

Biba

Распоред на претставување на новите болиди во Формула 1 за новата сезона

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.