Гастрономија

Риба похувана без брашно

Доколку сте љубители на пржена риба, а веќе имате подготвен рецепт за деновите кои се пред нас, еден трик ќе ви помогне да ја направите крцкава и вкусна, без притоа да впие многу масло.

Ова ќе го направите со една состојка со која ќе го замени брашното, а која повеќето ја имаат во кујната – густинот. Густинот или пченкарен скроб ќе направи заштитна обвивка околу рибата, така што таа ќе биде крцкава и нема да биде мрсна.

Потребни состојки:

1 кг риба по избор

200 г густин

3 лажички сол

1 лажичка бибер

1 лажичка лук во прав

други зачини по вкус

масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Еден ден порано или неколку часа пред пржењето исечете ја рибата на парчиња, посолете ја како и обично и ставете ја во фрижидер.
  2. Густинот, биберот, лукот, една лажичка сол и други зачини по избор измешајте ги заедно во широк сад.
  3. Во подлабок сад сипете поголема количина масло за да може рибата да „плива“ во него, па добро загрејте го. Секое парче риба убаво извалкајте го во смесата со густин и пржете го во врелото масло. По потреба вртете ги парчињата за да се испржат рамномерно од сите страни.
  4. Рибата послужете ја со компири или салата по ваш избор.

На здравје!

Слични написи

Модри патлиџани полнети со сирење

admin

Брзи тестенини со путер и пармезан

Biba

Брзи крцкави печени компири со палента

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.