Здравје

Полови болести можат да се добијат и без секс

 

Констатацијата дека полови болести се добиваат само преку сексуална активност не е целосно точна. Постојат ситуации, места и предмети, кои можат да ви пренесат полова болест.

Поголемиот дел на полови болести немаат изразени симптоми и треба време за да се откријат.

Ова се некои од начините да се добијат полови болести без сексуален контакт.

  • Балзам за усни. Постојат два типа на херпес, орален и генитален. И двата се пренесуваат преку директен контакт. Ако позајмите балзам за усни од некој што има орален херпес, можете и вие да се заразите. Од друга страна пак, вирусите не можат долго да преживеат на вакви предмети, но сепак најдобра е воопшто да не позајмувате козметички препарати кои се нанесуваат директно на кожата. Од овие причини не се препорачува кармините да се тестираат директно на усни, туку на раката.

  • Брада. Во моментов полните и убаво уредени бради се во мода. Но, тие имаат голем потенцијал да станат плодно тло за развој и множење на габички кои се причинители на габични инфекции и херпес. Многу густа брада може да ги сокрие симптомите на проблеми со кожата, па затоа е многу важно да се одржува хигиената на брадата, редовно да се мие, чешла и негува.

  • Депилација на бикини зоната. Депилацијата знае да биде многу незгодна, особено ако вашиот козметичар не е многу педантен и го користи истото стапче за нанесување на восок на вашата бикини зона. Така ве изложува на можност од добивање на полова болест.

  • Солариум. УВ зрачењето ги убива бактериите, но премногу сончање во солариум ги прави бактериите кои се веќе присутни на нашето тело, поотпорни. Исто така, во солариумот може да се присутни габички, бактерии и вируси како ХПВ вирус, херпес и фекални бактерии. Многу е важно солариумот да се исчисти пред и по употребата.

  • Тетовирање и ставање пирсови. И при тетовирање и при ставање на пирс важна е хигиената. Поголемиот дел од салоните ја одржуваат хигиената на инструментите, но постојат и такви каде што таа не е на задоволително ниво. При овие зафати постои можност од заболување од хепатитис Б или Ц, или пак ХИВ вирус.

 

Слични написи

Залеаните шестки се поотпорни на кариес за 70 проценти

admin

Зашто е важно да се комбинира внесувањето на минералот железо со витамин Ц

Biba

Митови за физичката активност

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.