Сцена

Боемска Рапсодија е најпродаваниот биографски филм со заработка од над 900 милиони долари

 

Филмот “Боемска рапсодија” стана најпродаваната адаптација на музичка биографија во светот, кога во неделата ја надмина заработката од 900 милиони долари од продажба на билети во киносалите ширум светот.

Оскаровецот заработи 830 милиони од киносалите низ светот и 71 милиони долари од киносалите во Велика Британија.

Изминатиот период неочекувано порасна популарноста во киносалите во Јапонија, каде што заработи 144 милиони долари.

Како потсетување, филмот “Боемска рапсодија” е биографски филм за Фреди Меркјури, легендарниот пејач, композитор и фронтмен на групата Квин. Филмот е режиран од Брајан Сингер и според најавите се очекува снимање на продолжение.

Според мислењето на филмските критичари, се очекува “Боемска рапсодија” да заработи сума над 1 милијарда долари, со оглед на тоа дека е достапен во киносалите низ целиот свет.

 

Слични написи

Ford v Ferrari – филм што не се пропушта

Biba

Принцот Хари и Меган Маркл ја купуваат вилата на Мел Гибсон?

Biba

Мексиканката Ванеса Понце де Леон е новата Мис на светот

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.