Здравје

Дуплирајте ја брзината на слабеење со водење на дневник на исхрана

 

Следењето на исхраната, водење на дневник на исхрана со следење на внесот на продукти – е веќе докажана метода.

Истражување спроведено на Универзитетот во Вермонт, САД, на 1700 испитаници, открива дека водењето на дневник на исхрана може двојно да го забрза слабеењето.

Многумина сметаат дека запишувањето на тоа што го јадат во текот на денот е чисто губење време, но реално, откако ќе се навикнете на тоа – доаѓаат резултатите. Сè  што ви е потребно е 15 минути од вашето време.

“Луѓето го мразат дневникот на исхрана, мислат дека е страшен и тежок, но прашањето е колку време ни е потребно за да изградиме самоконтрола за исхраната”, вели авторката на истражувањето, нутриционистката Џин Харви.

За да одговорат на ова прашање Џин Харви и нејзиниот тим ги следеле навиките на исхрана кај мажи и жени. Волонтерите се состанувале еднаш неделно на онлајн групна сесија што ја водел диететичар, а потоа го пријавувале својот начина на хранење преку интернет во период од 24 недели.

На крајот, истражувањето покажало дека најмногу слабееле волонтерите што биле дисциплинирани при водење на дневникот на исхрана. Еден волонтер изгубил 10 % од својата тежина, а употребувал само 23 минути за водење на дневникот. По шест месеци на сите волонтери им требало само 14,6 минути за водење на дневникот на исхрана.

Предноста на дневникот е во тоа што во него може да ги внесувате податоците во моментот додека јадете, а во денешниот современ свет се достапни многу апликации преку кои може да се направи тоа.

Затоа, доколку решите да слабеете применете ја оваа метода, бидете дисциплинирани и ќе бидете сведоци на забрзан ефект на слабеење.

 

Слични написи

Неколку причини зошто наеднаш се здебеливте

dart

Продукти што не треба да ги ставате во микробранова печка

Biba

Навика за јадење со која ќе ја одржите витката линија и по 50-тата година

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.